Хари сакал да си замине од палатата, а не Меган

Поранешниот принц Хари (35) бил фрустриран од кралскиот начин на живот и бил главен двигател во напуштањето на кралските должности и заминување во Америка.

Ова го пишува во новата биографска книга, „Пронаоѓање на слободата“, напишана за Хари и Меган од страна на новинарите Керолин Дуранд и Омид Скоби.

Тие заклучуваат дека Меган Маркл (38) нема никаква вина и удел во одлуката да го напуштат кралскиот начин на живот.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се оградија од новата книга во која е опишан нивниот живот додека биле дел од кралското семејство.

Хари и Меган велат дека во книгата, која треба да излезе следниот месец, тие не биле интервјуирани и немале никаков придонес во нејзиното пишување.

„Војводата и војвотката од Сасекс не учествувале во пишувањето на книгата. Таа е базирана врз личните искуства на авторите како членови на кралската прес служба и врз нивното независно известување“, изјавил портпаролот на двојката.

Во книгата се опишани нарушените односи меѓу Меган и кралското семејство. Пишува и за тоа дека браќата Хари и Вилијам воопшто не зборуваат поради односот меѓу нивните сопруги Кејт и Меган. Се открива и дека кај некој членови им пречела популарноста на Меган.

Весникот „Тајмс“ објавил извадоци од книгата кои сугерираат дека имало конфликти помеѓу членови на кралското семејство. Хари верувал дека роднините не ја сакаат Меган.

„Во Бакингамската палата имало луѓе кои не можеле да им веруваат. Пријател на Хари и Меган ја нарекол старата гарда во палатата, змии“, пишуваат авторите.

Хари и Меган откако го напуштија кралското семејство, прво се преселија во Канада, а од таму потоа продолжија со животот во Лос Анџелес. Тие во март годинава се повлекоа од сите кралски задолженија.

Scroll to Top