Поранешниот принц Хари тајно ја следел неговата сопруга Меган Маркл на „Инстаграм“ во периодот пред да се венчаат, пренесуваат британските медиуми.
Како што пишува британски „Мирор“, Хари се вљубил во Меган на прв поглед. Постоеле низа шпекулации за нивната прва средба, за на крајот целата приказна да се сведе на тоа дека двајцата се запознале на состанок на слепо.
Хари и Меган се венчаа пред две години. Кога првпат ја сретнал, тој направил лажен профил на „Инстаграм“ за да може да ја следи.
Меган била активна на социјалните мрежи пред да се омажи за Хари. Таа имала и сопствен блог, The Tig. Хари почнал да ја следи под корисничкото име @SpikeyMay5. Подоцна се утврдило дека станува збор за негов профил. Името на профилот Хари го смислил по имињата на неговите најдраги диџеи.
Порталот Е!News пишува дека пријателката од детството на Хари, Виолет вон Весенхолц, го запознала со Меган. Таткото на Виолет бил близок пријател со принцот Чарлс. Извор близок до нив открил за порталот Е!News како почнала нивната романса.
„Хари долг период ја бараше вистинската личност, но никако не можеше да ја пронајде. За него тоа беше толку тешко, поради титулата што ја има. Едноставно не можеше да се регистрира на ‘Тиндер’ или на некоја друга апликација за да си најде партнер. Наоѓањето по нормален пат му беше уште потешко. Речиси невозможно. Па им се довери на најблиските пријатели“, раскажа изворот.
Кога Хари открил дека силно сака да ја пронајде жената на својот живот, Виолет му кажала дека ја има совршената девојка за него. Целата таа работа на крајот се свела на состанок на слепо. Нивниот заеднички пријател Маркус Андерсон тоа лето бил во Лондон со Меган.
Двајцата присуствувале не тенискиот турнир Вимбелдон, на кој ја бодреле Серена Вилијамс. Потоа организирале забава на која Хари ја запознал Меган.
Поранешниот принц вели дека и пред да ја запознае ја гледал Меган во серијата Suits, каде што Меган го играла ликот на Рејчел.