Харисон Форд му помогнал на еден од колегите кој доживеал срцев удар за време на снимањето на Индијана Џонс

Американскиот актер Харисон Форд му помогнал на еден од колегите, член во екипата кој доживеал срцев удар, за време на снимањето на петтото продолжение на филмот „Индијана Џонс“. Како што пренесува британски Mirror, Форд стоел на само неколку метри од него кога се случила несреќата.

„Веднаш викна по лекар. Во тие моменти настана голема паника“, рече еден од изворите кој беше сведок на настанот и додаде дека веднаш била повикана Итна помош која му направила вештачко дишење, а бил повикан и хеликоптер да го однесе во болница.

Продуцентите засега не се огласија за настанот, само рекоа дека до петок треба да завршат со снимањето. За потсетување, филмот премиерата ќе ја има во јуни идната година.

 

 

Scroll to Top