Оскаровката Хилари Свонк и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер ќе станат родители на близнаци. 49-годишната актерка ја сподели веста во емисијата „Добро утро Америка“ и не ја криеше возбудата.
„Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест – ќе бидам мајка. На свет ќе дојдат две деца, не ми се верува. Се чувствувам одлично во моментов, едноставно облеката ми е тесна. Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“, рече Хилари.
Хилари и Филип се во брак од 2018 година, а претходно беа во врска две години.
„Тоа беше сон, да се омажам за човекот од соништата покрај сите луѓе кои нѐ сакаат. Тоа беше остварување на сонот“, изјави тогаш оскаровката.
.@HilarySwank is going to be a mom of TWO!
Congratulations! ❤️ https://t.co/kWY5S6eOU4 pic.twitter.com/kzuG8NkpdF
— Good Morning America (@GMA) October 5, 2022