Хоакин Феникс и неговата свршеница Руни Мара ќе глумат во новиот филм на Павликовски

Хоакин Феникс и неговата свршеница Руни Мара пак ќе глумат заедно, во новиот филм на полскиот режисер Павел Павликовски. Филмот „Островот“ (The Island) во кој играат ќе биде четвртата соработка на Феникс и Мара.

Покрај овој филм кој ќе се снима догодина, Феникс наскоро почнува со снимањето на вториот дел на „Џокер“. Филмот е драма-трилер за американска двојка која е разочарана од општеството во 30-тите од минаатиот век. Сценариото на Павликовски е инспирирано од вистински настани. Претходниот филм на полскиот режисер „Студена војна“, доби три номинации за Оскар.

Scroll to Top