Семејството на познатиот актер на социјалните мрежи објави дека 55-годишниот Џејми претрпел медицински компликации поради кои е хоспитализиран.
Периодов Фокс во Атланта ја сними акционата комедија „Back in Action“ со Камерон Дијаз. Семејството соопшти и дека Фокс сега е на лечење, иако не открија од каков здравствен проблем има.
Сепак, ТМЗ состојбата на Џејми Фокс ја опиша како итен медицински случај, и додаде дека Фокс сега повторно комуницира.
Сè уште не е познато кога Фокс ќе излезе од болница и ќе се врати на филмскиот сет.