И Џајда призна дека Вил претерал и дека не требало да го удри Крис

Џејда Пинкет Смит се доверила на своја пријателка и признала дека нејзиниот сопруг Вил Смит претерал на Оскарите и дека не смеел да го удри водителот Крис Рок. Извор близок до неа откри за US Weekly што таа мисли за скандалот што се случи на 94 Оскари.

Тој тврди дека Џејда не е од оние жени на кои ѝ е потребна заштита. Објасни дека Вил се однесувал премногу заштитнички кон неа, но и дека тоа било така отсекогаш. И двајцата настојуваат да направат сè што можат за да ги заштитат своите сакани, објасни тој.

„Не требаше да го направи тоа. Тој го знае тоа и таа го знае тоа. Џејда смета дека Вил претерал и дека никогаш не требаше да дојде до физичка пресметка. Жал ѝ е што изреагира така, но не го обвинува. Сепак смета дека семејството треба да се чува“, рече изворот.

И самата Џејда го прекина молкот и напиша кратка порака на социјалните мрежи.

„Ова е време за исцелување и јас сум тука за тоа“, напиша Џејда.

 

 

За потсетување, Смит во неделата, на 94-тото доделување на Оскарите во Лос Анџелес, стана од публиката и му удри шлаканица на актерот Крис Рок на сцената откако овој се пошегува на сметка на неговата сопруга.

Рок ја спореди Џејда со Џи-ај Џејн, акционата хероина од истоимениот филм, која во 1997 година ја играше Деми Мур со избричена глава. Академијата за филмски уметности и науки, која беше домаќин на Оскарите во Лос Анџелес, го осуди нападот на Смит.

Scroll to Top