Британскиот модел и позната телевизиска и радиоводителка, Лиса Сноудон, се пожали дека луѓето сè уште ја прашуваат за врската со Џорџ Клуни и каков е тој во кревет. Двајцата се запознаа на снимањето на реклама за „мартини“ во 2000 години и беа заедно пет години.
„Никогаш не зборувам за тоа. Понекогаш мислам дека на мојата надгробна плоча ќе пишува: ‘Џорџ Клуни еднаш излегуваше со Лиса Сноудон’“, рече Лиса, која во 90-тите години се етаблира како еден од најомилените и најдобри платени модели.
Таа призна дека додека одела со Клуни, глумецот бил шармантен и дека ѝ било прилично убаво, но и диво.
Лиса уште како дете сонувала дека ќе стане танчарка на „Вест енд“. Таа одела во училиште за применета уметност исто како и нејзината колешка Наоми Кембел и за себе вели дека имала големи планови. Нејзиниот талент го забележале скаути од една агенција за танц во Лондон.
View this post on Instagram
Набргу потоа почнала да добива ангажмани за уредување и реклами. Се појавувала и во магазините „Вог“ и „Марија Клер“, но досега ја немаат ангажирано да носи ревии затоа што била премногу раскошна.
Најголем проблем ѝ правеле нејзините облини. Една дизајерка во Париз ја удрила во градите затоа што ѝ приговарала дека ѝ биле премногу големи. Во Милано, пак, ѝ рекле дека мора да ослаби. Но, затоа машките магазини ја обожавале. Тие ги сакале големите облини.
Таа добивала ангажмани за долна облека, производи за нега на тело, козметика. Голем успех ѝ донела и кампањата за познатиот бренд на корнфлекс. Заработила и над 100.000 фунти од едно снимање.
View this post on Instagram