Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ ќе се врати во италијанскиот калчолигаш Милан. Sport Meijaset пишува дека Швеѓанецот веќе направил шестмесечен договор вреден 2,2 милиони евра.
Во моментов напаѓачот игра за Лос Анџелес Галакси, а веќе од следната година ќе може да се пресмета со најдобриот фудбалер на денешницата Кристијано Роналдо, кој од почетокот на сезонава почна да игра во дресот на Јувентус.
Техничкиот директор на „росоњерите“ Леонардо и агентот на фудбалерот Мино Рајол, имале состанок на кој ги договориле сите детали околу трансферот.
Засега не е јасно дали 37 годишниот напаѓач ќе има опција да ја продолжи соработката и за следната сезона, но познато е дека постои можност да превземе некоја од функциите во клубот.
Ибрахимовиќ досега за седумкратниот шампион на Европа, настапи во периодот од 2010 до 2012 година, каде освои една титула и постигна 56 голови на 85 мечеви.
Ибрахимовиќ покрај Милан, има настапено и за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Во Лос Анџелес Галакси почна да игра од март годинава.