Иги Поп го објави деветнаесеттиот албум и вети дека веќе нема да се фрла во публика

Иги Поп го објави својот 19. студиски албум насловен Every Loser. Тој на промоцијата вети дека веќе нема да скока во публика, како што го правеше тоа изминатите 55 години.

„Веќе нема да го правам тоа, си ги знам границите. Имав четириесетина концерти лани и неколкупати ја поминав линијата, но не скокнав целосно. Не сакам веќе да ризикувам, можам да се повредам“, изјави тој на промоцијата.

Иги првпат се фрлил во публика на вториот концерт во својата кариера. Тогаш настапувал пред Френк Запа. Но, наместо публиката да го фати, се тргнале, па тој паднал директно на подот.

Инаку, на песните на албумот Поп соработуваше со некои од најзначајните рок-гитаристи и тапанари во последните триесет години, меѓу кои и Даф Макаган од „Ганс енд роузис“, Стоун Госард од „Прл џем“, Дејв Наваро од „Џејнс адикшн“, Чед Смит од „Ред хот чили пеперс“ и со неодамна починатиот член на „Фу фајтерс“, Тејлор Хокинс.

Scroll to Top