Американскиот милијардер и директор на Тесла, Илон Маск го спореди канадскиот премиер Џастин Трудо со нацистичкиот водач Алдолф Хитлер. Но за кратко време ја избриша својата објава на Твитер.
Во спорната објавата, Маск се осврна на податокот од „Коиндеск“ (CoinDesk), дека канадската Влада презела акција против трансакциите со криптовалути за да не им се помага на возачите на камиони кои протестираат против вакцинирањето.
Тој претходно објави фотографија со Хитлер, на која напиша: „Престанете да ме споредувате со Џастин Трудо. Имав ограничен буџет“, но тоа предизвика остри критики од страна на еврејските организации.
„Илон Маск постапи крајно непромислено, спомнувајќи го Хитлер за да го каже своето мислење на социјалните мрежи. Мора веднаш да се извини“, се вели во соопштението на најстарата невладина организација во САД – Американскиот еврејски комитет.