Пред три години холивудскиот актер Џони Деп поднесе тужба во која побара од неговата поранешна сопруга Амбер Херд да му исплати 50 милиони долари оштета, бидејќи таа тврдеше дека била жртва на семејно насилство во нејзината колумна за „Вашингтон пост“ на крајот на 2018 година.
Првоото рочиште е закажано за 11 април, а сведоците ќе бидат сослушани на 24 март, меѓу кои се Џејмс Франко и Илон Маск. Деп ги обвини обајцата дека спиеле со Херд додека била во брак со него, па затоа таа решила да ги повика како нејзини сведоци.
Покрај нив повикан е актерот Пол Бетани, претставници на компаниите „Волт Дизни“ и „Ворнер Брос“, како и полицајци од Лос Анџелес, пријатели, членови на семејството и други луѓе поврзани со поранешниот пар.