Н1 Илон Маск сака да ги купи боксерите на принцот Хари, откако поранешна стиптизета отвори аукција за нив
Н2 Илон Маск заинтересиран да ги купи боксерките на принцот Хари, кои се најдоа на аукција
Н3 Илон Маск сака да ги купи боксерите на принцот Хари што ги продава поранешна стриптизета
Компанијата на Илон Маск е заинтересирана да ја купи долната облека на принцот Хари која се најде на аукција, за која поранешна стриптизета тврди дека принцот и ги подарил за време на состанок во Лас Вегас во август 2012 година.
Кери Рајчерт или попозната како Кери Ројал, тврди дека била во хотел со војводата од Сасекс пред речиси десет години кога се појавиле голите слики на принцот Хари.
Цената за продажба на долната облека започнува од 10.000 долари. Наводно за долната облека заинтересиран е еден ноќен клуб со понуда од 250.000 долари, како и компанијата на Илон Маск.
Поранешната танчерка ќе ја продаде на аукција нејзината долна облека, како и фустанот и костимот за капење што го носела таа вечер.
Кога биле направени голите фотографии на принцот Хари, Кери тврди дека Војводата бил гол и свирел гитара. Танчерката која била со него во хотелската соба ја задржала црната долна облека и верува дека понудата за нив ќе достигне и до милион долари. Дел од приходите од аукцијата ќе бидат наменети за добротворната организација на Хари и Меган.