Илон Маск влезе во Гинисовата книга на рекордите како човек што изгубил најмногу пари на сите времиња

Илон Маск го собори светскиот рекорд за најголемо изгубено богатство во историјата. Ова го потврди и Гинисовата книга на рекорди.

Основачот на Тесла и извршен директор на Твитер парите кои ги изгубил лани било рекорд. Пред тоа, Форбс процени дека Маск изгубил 183 милијарди долари, додека Блумберг оваа проценка ја стави на 200 милијарди долари.

Пред загубата на Маск, рекордер за најголемо изгубено лично богатство беше Масајоши Сон, кој загуби 58,6 милијарди американски долари во 2000 година.

Богатството на Маск го достигна врвот во ноември 2021 година кога достигна 340 милијарди евра, но акциите на Тесла почнаа да паѓаат лани, откако Маск го купи Твитер во октомври.

Како резултат на сето ова, богатството на Маск се проценува на 144,4 милијарди долари и тој повеќе не е најбогатиот човек на светот, туку Бернард Арно, претседателот и извршен директор на компанијата која е сопственик на Луј Витон.

Scroll to Top