Илон Маск заработи 250 милијарди долари од почетокот на пандемијата

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск (50), е најбогат човек на светот. Тој има 100 милијарди долари повеќе од вториот најбогат човек, Џеф Безос. Според новата листа на богати на Форбс, Маск достигнал нето вредност од 282 милијарди долари, додека нето вредноста на поранешниот шеф на Амазон е 180,2 милијарди долари. Но во меѓувреме, вредноста на Маск малку паднала на 274,3 милијарди долари.

Според Форбс, Маск имал најголема корист од пандемијата, која започна во 2020 година. Тогаш имал нето богатство од 26,6 милијарди долари. Но со покачувањата на цената на акциите на неговата компанија за електрични автомобили, бројката значително се искачи. Тој од неодамна е најголемиот акционер на Twitter откако купи 9,2 отсто од компанијата. односно зеде удел од 2,89 милијарди долари на платформата, што е речиси четири пати повеќе од уделот на нејзиниот основач Џек Дорси.

Безос, пак, лани продаде акции на Амазон во вредност од 8,8 милијарди долари и дел донираше. Па сега, според Форбс, поседува само 10 отсто од компанијата. Изминатите неколку години со Маск се во постојана трка за најбогат човек на светот, откако и обајцата се впуштија во вселенски патувања со нивните компании SpaceX и Blue Origin.

 

 

Scroll to Top