Ѕвездата од шоуто Selling Sunset, Ема Хернан, која е и позната како модел, инфлуенсерка и агент за недвижности во САД, рече дека можела да ја спречи врската меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез, откако глумецот ѝ испраќал пораки преку апликацијата за запознавање.
Таа во разговорот со Кришел Стаус во епизодата Do you thing we’re friends? рече дека Афлек и испраќал неколку пораки преку апликацијата Raya, но таа го одбила. Raya e една од најдобрите апликации за запознавање која ја користат славните личности.
View this post on Instagram
Кришел објасни дека минатата година Бен ѝ испратил порака за состанок.
„Ме повика неколку пати на кафе, но не отидов. Можев да го спречаm Бенифер, врската меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез. Тоа се случи баш пред да бидат заедно. Па можеби нивната врска немаше никогаш да се случи ако отидев на кафе“, рече Хернан.
Портпаролот на Бен Афлек пак рече дека комуницијата меѓу неговиот клиент и Хернан постоела, но дека се случила во 2019 година.
View this post on Instagram
„И од самата компанија Raya потврдија дека Бен повеќе не е активен член веќе неколку години“, рече портпаролот на глумецот за People Афлек претходно се шегувал на негова сметка кога кружеле гласини дека ја кроисти апликацијата за запознавање Raya.
„Ме фативте. Излегувам на состаноци“, напиша тој на „Инстаграм“ во 2019 година и додаде дека од компанијата треба да помогнат во собирање за донации за бездомните лица во Лос Анџелес.
Неколку месеци потоа тој го избриша својот профил. За потсетување и неговата колешка Британката Сиена Милер се шегувала на негова сметка и објасни дека и тие можеле да завршат заедно ако имало повеќе хемија меѓу него и неа на сетот на филмот Live by night во 2016 година.
„Ми беше како брат. Никогаш не сум се смеела во животот толку како што се смеев додека бев со Афлек. Звучи бесмислено, но навистина тоа го мислам. Сепак немаше хемија меѓу нас. Беше хистерично. Требаше да бидеме заљубени, а не си бевме привлечни еден на друг. Тој има огромна глава, а јас мала, па мораа да ме стават пред него во два кадри. Едвај можев да го гледам, затоа што цело време се смеев“, рече Сиена.