Инфлуенсерка од Бразил почина по липосукција на колено, доживеала срцев удар

Бразилска моделка и инфлуенсерка Луана Андраде почина по липосукција на коленото.

Како што пренесува „Дејли мејл“, оваа дваесет и деветгодишна девојка починала во болница во Сао Паоло, а процедурата ја извршил приватен лекар ангажиран од нејзиното семејство.

Според соопштението на болницата „Сао Луиз“, манекенката два и пол часа по операцијата доживеала срцев удар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luana Andrade (@luandradel)

„Операцијата беше прекината и пациентката беше подложена на тестови кои открија голема тромбоза. Таа е префрлена на интензивна нега, каде и е подложена на лекови и хемодинамски третман“, се вели во соопштението.

Луана беше прогласена за мртва вчера, а официјалната причина за смртта беше наведена како белодробна емболија.

„Скршен сум и го живеам мојот најлош кошмар. Еден дел од мене ме напушти“, напиша нејзиното момче Жоао Хадад на Инстаграм.

Текстот Инфлуенсерка од Бразил почина по липосукција на колено, доживеала срцев удар е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top