Инструкторка по боречеки вештини е жената со која актерот Роберт де Ниро го доби седмото дете

Актерот Роберт де Ниро (79) неодамна го доби седмото дете, пошироката јавност беше изненадена од фактот што легендарниот актер има партнерка, а за неа малку се знае.

Да потсетиме, новинарот на забавното шоу Et Canada го прашал Де Ниро како е да се биде татко на шест деца, на што тој едноставно одговорил дека нема шест, туку седум деца, објаснувајќи дека неодамна добил уште едно дете. Така во јавноста се дозна дека актерот има седум деца, но не и која е мајка на седмото дете.

Сепак, како што пренесуваат странските медиуми, се верува дека мајка на седмото дете е Тифани Чен, инструкторка по боречки вештини. Двојката била фотографирана како се држат за раце во јули 2022 година, а во март оваа година била видена со Де Ниро како излегува од престижен ресторан во Санта Моника. Во таа прилика Тифани облекла црн фустан и широк маслинесто зелен џемпер, кои очигледно вешто го сокриле нејзиниот труднички стомак.

Инаку, Роберт во бракот со Дајан Абот ги имаше ќерката Дрина (51) и синот Рафаел (46), додека во врската со актерката и модел Туки Смит ги имаше близнаците Арон и Џулијан (27). Со неговата последна сопруга Грејс Хајтауер има и две деца – синот Елиот (25) и ќерката Хелен (11).

Scroll to Top