Интернет ја презеде одбраната на Џони Деп: Амбер Херд е манипулаторка за пари

Видеата со клипови од судењето кои кружат на интернет си со поддршка на актерот  Џони Деп. Амбер Херд е опишана како манипулаторка во потрага по пари.

Џони Деп и Амбер Херд се на суд откако холивудскиот актер ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета, по објавта во Вашингтон пост кој се појави во 2018 година, во кој актерката раскажува за претрпено семејно малтретирање.

Судењето започна на 11 април. Некои снимки од сведочењата објавени од двајцата актери го преплвија Интернетот. Коментарите што ги оставаат следбениците на различните социјални мрежи повеќето се како поддршка за Џони Деп. Многу корисници на социјалите мрежи на големо се против Амбер Херд.

„Едноставно не можам да разберам како човек може бесрамно да лаже на ова ниво, особено во судница, уништувајќи го животот на невин човек само за своја корист. Има нешто нехумано “, пишуват на Јутјуб. Или :  „Една по друга лага. Начинот на кој сè уште ја поддржуваат луѓето е одвратен. Таа никогаш немала докази, за ​​разлика од Џони. Но, од фактот што плачеше, изгледа дека таа е жртвата.“

Според експертите пак, кои внимателно го следат случајот, премногу е лесно да се потпреме на коментарите на социјалните мрежи кои се во полза Џони Деп. Без разлика на доказите што ги изнесуваше во судницата во оваа афера, подедкавко точно е дека од судењето на Деп и Херд, но и од другите учесници во судницата кои беа сослушани, произлегува портрет на човек кој се бори со сериозни зависности од алкохол и дрога. За останатото, ќе треба да почекаме да заврши судењето пред да се замрази Амбер и да да се докаже дали навистина е манипултаор.

Scroll to Top