Ирина Шајк е новата љубов на Леонардо ди Каприо, заедно се забавуваа на фестивалот „Коачела“

Манекенката Ирина Шајк во друштво на Леонардо ди Каприо се забавувале на популарниот фестивал „Коачела“, како што пренесуваат светските медиуми тие изгледале многу интимно.

Ди Каприо и Шајк присуствувале на неонскиот карневал Леви и Текила Дон Хулио во саботата и се забавувале до недела наутро. Меѓутоа, со нив била и манекенката Стела Максвел, која е долгогодишна пријателка на Ди Каприо.

Претставниците на Шајк и Ди Каприо не дале изјава на барањето на „Пејџ сикст“ за коментар, иако во последните месеци имало гласини за помирување на Ирина Шајк со актерот Бредли Купер, кои ја имаат ќерката Леа Де Сејн Шајк Купер.

Поранешниот пар раскина во 2019 година по четири години врска.

 

Scroll to Top