Ирина Шајк и Бредли Купер на егзотичен одмор на Бахамите три години откако раскинаа

Моделот Ирина Шајк и глумецот Бредли Купер беа на егзотичен одмор на Бахамите три години откако ја раскинаа свршувачката. Сликите од летувањето ги објави Ирина на својот инстаграм-профил.

Таа откри дека се на архипелагот Ескума, каде што е и плажата Пиг бич, позната по тоа што единствените жители се свињи, кои се светска атракција. На летувањето Ирина и Бредли беа и на тура со ајкули, шетаа на островот и се дружеа со нивната ќерка Леа де Сена.

Сликите што ги објави Ирина само ги поттикнаа гласините дека тие ја обновиле љубовта која заврши 2019 година. Пред да раскине, пароот беше четири години заедно. По разделбата останаа во пријателски односи поради ќерката.

Неодамна, пак Бредли призна дека е во врска со Хума Абердин, помошничка на Хилари Клинтон.

 

Scroll to Top