Лани додека Меланија Трамп беше на позицијата прва дама ја преуреди градината „Роуз гарден“, која ја осмисли Џеки Кенеди на почетокот на 1960-тите години. Таа се пофали на социјалните мрежи со новиот изглед на градината во резиденцијата на Белата куќа, што предизвика бурни реакции кај американската јавност.
Темата повторно се актуелизира, откако претседателскиот историчар Мајкл Бешлос ја нападната поранешната прва дама. Тој на својот твитер-профил објави фотографија од градината.
„Пред точно една година заврши преуредувањето на градината со рози во Белата куќа, и еве го мрачниот резултат – исчезнаа децении од американската историја“, напиша тој во описот на фотографијата.
Evisceration of White House Rose Garden was completed a year ago this month, and here was the grim result—decades of American history made to disappear: @dougmillsnyt pic.twitter.com/78OqjkoOPt
— Michael Beschloss (@BeschlossDC) August 7, 2021
Меланија Трамп на ова остро реагираше со критика кон историчарот. Таа исто така објави фотографија од градината, но од поинаков агол.
„Го докажа своето незнаење со прикажување фотографија на градината со рози во нивната почетен стадиум. Градината со рози е украсена со здрави и шарени рози. Неговите лажни информации се нечесни и никогаш не смее да му се верува како на професионален историчар“, вели таа.
.@BeschlossDC has proven his ignorance by showing a picture of the Rose Garden in its infancy. The Rose Garden is graced with a healthy & colorful blossoming of roses. His misleading information is dishonorable & he should never be trusted as a professional historian. https://t.co/LU243SANF1 pic.twitter.com/PuVOSjxx5w
— Office of Melania Trump (@OfficeofMelania) August 8, 2021
Годинава граѓаните на Америка побараа од Џил Бајден да го врати првобитниот изглед на градината, преку петиција. Досега се собрани над 800.000 потписи.