Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти стана дедо. Дваесет и шест годишната ќерка на пејачот Аурора Софија Рамацоти го доби синот Чезаре.
Таа во деветтиот месец од бременоста, ја доби првата насловна страница на италијанското издание на „Ванити“.
Таа синот го роди во породилиште во Лугано, Швајцарија. Популарната тв водителка во ексклузивно интервју открива дека ја очекува помошта од баба и дедо во грижата за синот.
Ерос и го посвети најголемиот хит „Piu bella cosa“ на својата ќерка, а сега во центарот на вниманието на целото семејство е малиот Чезаре, неговиот прв внук.
Ерос Рамацоти и Мишел Хунцикер беа еден од најпопуларните двојки во деведесеттите, а останаа многу добри пријатели и по разводот во 2002 година. Заедно ја одгледаа ќерката Аурора, која стана позната како водителка на италијанската верзија на „ Икс Фактор“, а денес има повеќе од два милиони следбеници.