Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, со својот изглед ги засени актерите на премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд во Лондон. Таа носеше златен фустан украсен со илјадници кристали и монисти, креација на Џени Пакхем. Фустанот чини 3.000 евра. Својот изглед Кејт го дополни со големи златни обетки и златни сандали.
Премиерата на филмот „Не е време за умирање“ се одржа во Ројал Алберт Хол, а со Кејт и Вилијам, беа и принцот Чарлс и Камила. Членовите на кралското семејство пред премиерата се сретнаа со ѕвездите на филмот, Даниел Крег кој го игра Бонд, но и Рами Малек, Лео Сејду и Лашан Линч.
„Изгледате многу убаво“, ѝ рекол Даниел Крег на војвотката, пренесува „Дејли меил“.
Принцот Чарлс е покровител на Британскиот филмски институт, а неговиот син Вилијам е претседател на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (Бафта).
Премиерата на новиот Бонд е од хуманитарен карактер бидејќи целиот приход оди за организации кои ги поддржуваат сегашните и поранешните разузнавачки агенции; Тајната разузнавачка служба (МИ6), Службата за безбедност и Центарот за комуникации на Обединетото кралство (ГХХК) и поранешни и сегашни припадници на специјалните сили на Обединетото Кралство.
Новиот филм за најпознатиот агент е одложен повеќе од една година, а во кината ќе почне да се прикажува во четврток.