Ја броев секоја голтка вода, Роберт Патинсон откри како се подготвувал за Бетмен

Роберт Патисон го глуми главниот лик во новиот филм „Бетмен“, а сега откри и како се подготвувал за улогата. Тој откри на што се бил подложен за да биде во најдобра форма.

„Имав три месеци пред почетокот на снимањето и морав да вежбам пред и по работата секој ден. Поради сцените во кои бев без маица, го намалив количеството на вода. Пред снимањето буквално ги броев сите голтки колку што ќе испиев“, рече Патисон за New York Post.

Тој рече дека ова не бил првпат да биде изложен на ваков екстремен начин на исхрана поради глумата. Во 2016 година не јадел ништо за да биде доволно слаб за улогата во филмот „Изгубениот град З“, а во 2017 година косата почнала да му паѓа од фарбата за филмот „Пеколна ноќ“.

„Срамот е мојата најголема мотивација, тоа е сигурно“, се пошегува глумецот кој на публиката најмногу и е познат по улогата на Едвард во „Самрак“ и додаде дека во одделото на Бетмен се чувствувал моќно и дека луѓето во него гледале на поинаков начин.

„Кога го читав сценариото размислував како ќе глумам таков важен лик. Не можев да се соживеам со него ни кога седев дома во обична маица. Целиот свет се промени кога го облеков оделото“, рече Патисон.

Scroll to Top