Јунис Абас, еден од арамиите кои во 2016 година ја ограби Ким Кардашијан во Париз за време на модната недела, зборуваше за инцидентот. Рече дека кога ја виделе со соработниците како се расфрла со пари решиле да ја ограбат.
Кога Ким се вратила во хотелот, тие провалиле во собата и го украле накитот вреден 10 милиони долари. Ким рече дека тоа ѝ оставило страшни трауми и сега има ангажирано 12 луѓе да ја чуваат.
По грабежот Јунис е уапсен и мина 22 месеци во затвор. Сега ги откри сите детали, од тоа како упаднале во хотелот и моментот кога го онеспособиле рецепционерот.
„Не се каам за ништо. Ја гледав во едно шоу кога дијамантите ѝ паднаа во море. Си помислив, па таа е богата. Нема да ѝ биде многу важно“, рече Јунис.
Тој рече дека кога упаднале ја виделе Ким исплашена.
„Не можеш да го доживееш тоа без последици, се разбира дека беше трауматизирана“, додаде тој.
Еден од украдените предмети, вреден 10 милиони долари, е свршеничкиот прстен, кој Ким го доби од бившиот Кание Вест.
„Го видов прстенот на интернет и ми беше познат. Го имаше на сите слики на социјалните мрежи и во списанија“, рече Јуниј и додаде дека тоа било единственото парче кое преживеало.
„Сите други работи кои ги украдовме, ги продадовме. Некои од нив ги стопивме, затоа што беше тешко да се продадат“, додаде тој.