Ја откривме тајната за прекрасното тело на Селена Гомез

Во морето на обврски поради кои често не успева да јаде здраво и вежба, таа одлучи да го искористи трикот на друга славна ѕвезда.

Прекрасната актерка и пејачка со мексиканско потекло не изгледала цел живот како денес.

Иако сеуште е прилично млада, и таа морала да се потруди за да ја постигне завидливата линија и од вратот да ги симне троловите кои ја следеле, навредувале и омаловажувале поради нејзината несовршеност.

По 25 години на тоа му стави крај. Се потруди да го оформи своето тело до завидно ниво и конечно научи да се прифати таква каква што е.

Also so stoked I got to show you a sneak peak at my @coach bag I designed

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Во морето на обврски кои ги има, често не успева да се храни здрави и да вежба, па одлучи да ги искористи триковите на една нејзина колешка. Сега на турнеите задолжително со себе носи и свој фитнес тренер, Еми Рософ Давис, кој за порталот „Byrdie“ со нејзин благослов ја откри тајната на нејзиниот успех.

1. Работи на подигнување наиздржливоста

Со комбинација на кардио тренинг на сила постојано вежба по малку, со што одлично го „шокира“ организмот и ја постигнува силата и издржливоста.

2. Го слуша своето тело

Што ќе работи тоа секогаш зависи од нејзината моментална воља. Некогаш вежба јога или само се истегнува, а кога е расположена, тогаш работи до крајни граници. Така ги постигнува најдобрите резултати.

🙏🏼

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

3. Ужива во себе

Како што се гледаат резултатите од својата работа, така се повеќе ужива во себе и вежбите кои ја прават среќна. Тоа воглавно се јога, пилатес и танц, а ужива и во вежбите за задникот.

4. Постојано нешто менува

Ако дозволите на телото да влезе во рутина, така и ќе изгледа. Тоа е и нашето мото, па затоа се однесуваме целосно поинакво и постојано ги миксаме некои од новите вежби. Листата е сега подолга, а многу од тоа зависи и каде се наoѓаме, колку време имаме и што работиме.

5. Постојано се мери

Промените ги бара во огледалото, така да не претерано е опсесивна со самата килажа, а помага и мојот мал трик со лентите. Има едни на кои можете да се мерите, дали во последно време сте здебелени или ослабени.

6. Флексибилна е

Понекогаш е подготвена да вежба и кога за тоа ќе нема време или кога ќе почувствува дека баш во тој момент и се вежба. Така секогаш наоѓа барем половина час време за вежбите кои ја усреќуваат.

7. Секогаш вежба со гласна музика

Таа секогаш беше таква, музиката на неа делува како најдобра движечка сила.

 

Because it should be fun and truly authentic @stuartvevers my @coach crew 💕

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Scroll to Top