Јајца и млеко за Мерлин Монро
Вообичаениот појадок на познатата холивудска заводничка се состоел од две јајца изматени во чаша млеко загреано на шпорет, кое обезбедува околу една третина од дневните потреби за протеини на возрасен човек.
Како што кажала и самата: „Во јајцата ставам во топло млеко, ги матам со вилушка и пијам додека се облекувам. Го надополнувам ова со мултивитаминска пилула, се сомневам дека некој доктор би можел да препорача похранлив појадок за девојка која постојано брза“. Хранлив можеби, но не особено вкусен, што го прави поубав со малку додаден шеќер, морско оревче и ванила.
Стек и јајца на Мухамед Али
Ако само трениравте, а потоа го претепавте Џорџ Форман, како што направи Мухамед Али во 1974 година, веројатно би биле доволно гладни за да ги изедете два стека и 12-те јајца што тој наводно ги изел следното утро.
Овчи котлети за кралицата Викторија
Се шпекулирало дека кралицата Викторија јадела само едно варено јајце секое утро, но кралската архива и историчарката за храна Ени Греј го отфрлила ова. Таа сакала богат и разновиден појадок, вклучувајќи јајца, печено пилешко месо, шунка, колбаси, каша… Како што велат, во 1858 година нејзиниот појадок бил овчо месо и пире од компири.
Пржен сендвич за Елвис Присли
Кралот на рокенролот, Елвис Присли имал омилен сендвич за појадок кој го содржел следново: крцкава сланина, путер од кикирики, мед и банана, сето тоа заедно во сендвич, пишува „Гардијан“.
Сендвичот се пржел на маснотија во која се пржела сланината, од двете страни. Ако не сакате банани, тенко исеченото зелено јаболко е одлична замена.
Варени јајца за Винстон Черчил
Внесот на храна и пијалоци на Черчил бил легендарен, тој сакал да ги започнува утрата рано, завршувајќи го појадокот – ако воопшто е можно во кревет.
Тој исто така го обиколил светот со својата омилена перница и свилена маска за очи.
Според менито од трансатлантскиот лет, напишано со своја рака, тој имал прецизен вкус. Сокот од портокал требало да биде флаширан, а не свеж.
Сакал кафе, со бокал ладно млеко. Пијалокот морало да се служи на посебен послужавник, со преполовен грејпфрут и сад за шеќер.
На друг послужавник, требало да има врел тост премачкан со путер и џем. А ако јадел топла храна, како неговите омилени варени јајца, очекувал и ладно месо – пилешко, дивеч или шунка.