Холивудскиот глумец Џин Кери кога гостуваше во утринската емисија на CBS зборуваше за инцидентот кој се случи на 94 Оскари кога Вил Смит му удри шамар на водителот Крис Рок.
Кери не бираше зборови и искрено рече што мисли за Смит. Тој рече дека уште на почетокот му се смачило од овациите на публиката која го поддржа Вил и насилството, пренесе Dedicer.
„Ми се слоши кога ги слушнав овациите од публиката. Чувствував како Холивуд да се само маса без р’бет. Тоа беше чист показател дека повеќе не сме кул клуб“, рече Кери и додаде дека Вил Смит требало да биде уапсен по тој инцидент.
Иако Крис Рок нема да го тужи Вил Смит за нападот, Џим Кери рече дека е тој на негово место би постапил поинаку.
„Рок не сака да се замара околу тоа, но, јас да сум на негово место веќе следното утро ќе го тужев Вил за 200 милиони долари. Тоа видео засекогаш ќе биде достапно, ќе биде насекаде на интернет. Таа навреда ќе трае долго“, рече Џим.
Will Smith issued an apology on Instagram, after slapping Chris Rock on the Oscars stage Sunday night.
“I am embarrassed, and my actions were not indicative of the man I want to be,” it read, in part. pic.twitter.com/1ZrJdarrLB
— CBS Mornings (@CBSMornings) March 29, 2022
„Ако сакате да викате од публика и така да покажете дека нешто не ви се допаѓа или да напишете нешто на „Твитер“, слободно можете, но, немате право да станувате, да отидете на сцена и да удрите некого затоа што нешто ви рекол.
„Вил се бори со нешто во себе и тоа го фрустрира. Му посакувам сè најдобро и немам ништо против него. Направи многу добри работи, но ова не беше добар момент за него. Ова беше себична постапка која ги засени сите други работи“, рече Џим и додаде дека многу колеги напорно работеле за да бидат само номинирани за Оскар, а не пак наградени и дека тоа требало да биде нивен момент за заслужено да прослават и бидат видени.
За потсетување, Вил Смит во неделата на 94 Оскари во Лос Анџелес стана на сцената и му удри шамар на Крис Рок, откако комичарот се пошегува за избричената глава на неговата сопруга Џејда-Пинкет Смит, која се бори со алопеција, болест поради која ѝ опаѓа косата.