Британската пејачка Адел во интервју за магазинот Elle демантираше дека таа и спортскиот агент Рич Пол се свршиле.
„Не сум свршена. Само сакам накит од високата класа”, изјавила Адел.
Шпекулациите за нејзината свршувачка започнаа откако пејачката на доделувањето на Brit Awards носеше дијамантски прстен.
Таа во интервјуто зборува и за врската со Пол и вели дека не е мажена, туку само заљубена.
„Среќна сум како некогаш до сега. Можеби и ќе се омажам. Никогаш не сум била толку заљубена. Опседната сум со Пол. Дефинитивно сакам уште деца. Јас сум домаќинка, а стабилниот живот ми помага со музиката“, рекла Адел.
View this post on Instagram
View this post on Instagram