Кајли Џенер и официјално го промени името на син ѝ

Кајли Џенер и официјално го промени името на син ѝ, шеснаесет месеци по раѓањето. Старлетата со нејзиниот партнер Тревис Скот прво му го дадоа името Волф, а потоа се предомислија и го прекрстија и во март 2022 година го сменија во Ер. Сега тоа го направија и законски.

„Едноставно чувствувавме дека тоа не е вистинското име за него. Името на нашиот син повеќе не е Вулф. Само сакав на сите да ви кажам затоа што секаде гледам дека го пишувате Вулф“, рече Кајли.

Ѕвездата од семејството Кардашијан новото име првпат го откри во јануари на „Инстаграм“. Извор за „Пипл“ рече дека надмикот значел „Божји лав“, но голем број фанови го постоветуваа со воздух, исто како штос е пишува на англиски. За потсетување, покрај синот, Кајли и Тревис ја имаат и петгодишната ќерка Сторми.

 

Scroll to Top