Бизнисменката и ѕвезда на реалнотот шоу Кајли Џенер (24) ја промовира својата прва козметичка линија за деца и бебиња – „Кајли бебе“. Палетата производи вклучува шампон, купка и млеко за тело.
„Сите производи ги тестирав на мојата ќерка. Не би продавала нешто што не е добро за моето дете“, рече Кајли за американските медиуми и ја објави првата слика од кампањата, на која позира со својата ќерка Сторми.
Новата козметичка линија Кајли ја претстави неполн месец откога објави дека е бремена со второто дете.
Кајли е најмладата милијардерка во светот, а се збогати од својата козметичка линија, која вклучува декоративна козметика, парфеми и креми за нега и убавина.