Раперот Еминем често ја спомнуваше ќерката Хејли во неговите песни. Денес Хејли има 21 година, куче по име Лоти и студира на Универзитетот на Мичиген.
Еминем ја има спомнато ќерката Хејли во најмалку 20 негови песни. Кога беше малечка често зборуваше за неа, но денес во јавноста ретко се спомнува нејзиното име.
Еминем и мајката на Хејли два пати беа во брак, а нивниот однос беше исполнет со подеми и падови.
Раперот често зборуваше дека ќерката му е секогаш на прво место, а кога Хејли заврши средно училиште посебно им се заблагодари на родителите што од неа направиле добра личност.
„Таа знае дека секогаш може да смета на мене, без разилка каде сум и што правам. Хејли секогаш била моја наголема инспирација, особено кога се роди и јас уште немав ни кариера, ни пари, ни место за живеење“, има изјавено Еминем.