Тој е љубезен, паметен, забавен и се бакнуваме како тинејџери, напиша пејачката за Едвардс, со кој се забавува речиси два месеци, откако го запозна за време на модната недела во Париз.
Пејачката Шер (76) на Твитер го пофали својот 40 години помладиот дечко. Таа објави фотографија на која Александар Едвардс е гол во горниот дел од телото и напиша:
„На другите, па и мене ова им изгледа чудно, но љубовта не знае математика“, напишала Шер.
A.E.Hanging Ot pic.twitter.com/TB5XXJqlxk
— Cher (@cher) November 24, 2022
Еден корисник на оваа социјална мрежа ја прашал кои се најдобрите квалитети на нејзиниот нов партнер, а американската пејачка одговорила дека таа и нејзиното 36-годишно момче „се бакнуваат како тинејџери“.
„Тој е љубезен, паметен, смешен и се бакнуваме како тинејџери“ – напиша пејачката за Едвардс со кој е во врска речиси два месеци, откако го запозна за време на Модната недела во Париз.
Продуцентот Александар е помлад од нејзините синови Чаз Боно и Илија Блу Алман.