Камерон Дијаз не се враќа во Холивуд, ја остави глумата за да биде повеќе време со ќерката и сопругот

Камерон Дијаз рече дека нема да се врати да глуми во Холивуд затоа што сака времето кое го има да го потроши за да биде со нејзината тригодишна ќерка. Таа се повлече во 2018 година, пред нејзиниот пријател Џејми Фокс ја убеди да глуми покрај него во акционата комедија „Враќање во акција“.

Фокс доживеа крах на сетот, што доведе до отказ на три лица. Сега извор близок до глумицата откри дека иако нема никакви проблеми со Фокс, најверојатно нема да ѝ се врати на глумата. Рече дека и било тешко да биде далеку од семејството. Мрази драми и конфликти кои често може да се видат на сетовите.

„Овие 10 часовни денови беа исцрпувачки за неа и мрази да биде одделена од ќерка ѝ Редикс“, откри нејзина блиска пријателка и додаде дека глумицата сака да биде мајка повеќе од сè.

„Мрази драма и конфликти. Затоа и се повлече од Холивуд уште на старт“, додаде таа.

За потсетување, Камерон го напушти Холивуд во 2018 година за да може да помине повеќе време со сопругот и музичар Бенџи Маден. Со него во 2019 година ја доби ќерката Редикс.

 

Scroll to Top