Кање Вест: Робувањето на црнците било нивен избор

Американскиот рапер Кање Вест изјавил дека ропството на Афроамериканците, во изминатите векови веројатно бил избор на самите робови.

„Кога ќе слушнете дека робовладетелството траело 400 години… 400 години! Па тоа звучи како избор“, изјавил Кање за време на скорешниот настап на една телевизија.

„Ние сме психички заробеници“, додал раперот, кој неодамна се појави на насловната страна поради отворената поддршка на претседателот Трамп.

Афроамериканците на сила се донесени од Африка во Америка од 17 до крајот на 19 век, и таму биле продавани како робови.

Вест подоцна објавил на социјалните мрежи како неговиот коментар бил погрешно протолкуван, но сите кои го гледале и слушале неговото интервју, очигледно дека раперот претерал.

На оваа објава реагирал и колегата на Вест, Вил кој директно му се обратил на раперот.

Пејачот изјавил дека ова била една од најбезобразните објави направени некогаш, особено од еден од „членовите на заедницата“.

„Зборовите на Кање му го скршиле срцето“, објаснил Вил.

 

Scroll to Top