Раперот Кание Вест пред неколку дена се врати на „Твитер“, а сега ги извести фановите дека ќе земе 30 дена одмор за да се исчисти од пороците. Цел месец нема да се појавува во јавност, но ќе биде активен на „Твитер“. Се одрече од алкохолот, филмовите за возрасни и сексот.
Фановите му дадоа поддршка, а некои коментираа и дека ќе го следат и ќе прават исто како и тој. Вест по објавата активно почна да зборува со пријателите. Во една објава објасни дека му дале погрешна дијагноза за неговото ментално здравје. Во 2016 година му беше дијагностицирано биполарно пореметување.
Сега тврди дека тоа не е вистина.