Откако Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори минатото лето предизвикаа хаос во Италија, сега повторно отпатуваа во таа земја. Деновиве фотографите ги снимиле во Фиренца, а многумина беа изненадени како 29-годишната Бјанка беше облечена.
Таа се појави во долг кожен капут за дожд и со шал на главата. Таа е фотографирана како излегува од автомобилот насмеана. Канје се појави во темно одело со капа на главата.
Во август минатата година парот беше на одмор во Италија. Во тоа време тие престојувале во Венеција, а Бјанка се појавила во оскудни модни комбинации, поради што Италијанците на крајот ја пријавиле во полиција.
Според италијанската официјална веб-страница за туризам „CIU Travel“, локалните жители сметаат дека е навредливо да ги гледаат посетителите како шетаат по улиците во различни состојби на облека. Бјанка повеќепати прошетала по улиците на Италија со голи гради, кои јасно се гледале под проѕирната мрежеста облека.
Покрај тоа, додека се возеле на бродот, Канје се наведнал да го открие своето голо тело, а Бјанка клекнала пред него. По споменатиот скандал, Канје и Бјанка добија доживотна забрана за возење на бродот со кој се прошетаа во Венеција.