Раперот Канје Вест и американската старлета Ким Кардашијан се пред сериозни турбуленции во брачниот живот. Канје на концерт во Лос Анџелес изјавил дека тој заедно со неговите деца планира да се пресели во неговиот роден град Чикаго, пишува The Sun.
„Сакам да им соопштам на сите дека се враќам во Чикаго и повеќе не сакам да се вратам назад“, изјавил Канје пред публиката.
Близок извор на семејството открива дека неговата сопруга Ким не се согласува со ваквата одлука и не сака да замине со него.
„Ким целиот живот го мина во Лос Анџелес. Тука ѝ се семејството, пријателите, фризерот, стилистот. Сака нејзините деца да растат во големо семејство и да е опкружена со внуци и внуки“, изјавил извор близок на Ким.
„Не е во ред начинот на кој Канје тоа го објави пред публиката. Тој немал сериозен разговор на оваа тема со Ким“, дополнил изворот.
Двојката неодамна се согласила да вложи околу 126 милиони куни во реновација на куќата во Бел Ер во Лос Анџелес, што е уште една причина поради која Кардашијан не сака да се пресели.
„Едноставно Ким е изморена од реновацијата“, изјавил изворот.
Ким и Канје се во брак од 2014 година и ги имаат петгодишната Норт, двегодишниот Сент и осумесечната Чикаго.