Канје Вест снима албум за разводот, а Ким го моли за почит кон семејството

Муабетите од пред неколку месеци  дека раперот Канје Вест и  ѕвездата на реалното шоу Ким Кардашијан се разведуваат се покажаа точни. Нивниот брак заврши, а тоа Канје го пее и во новите песни од албумот.

Канје го завршува неговиот долго најавуван десетти студиски албум. Фановите со нетрпение го чекаат, а тој ги преработува стиховите инспириран од разводот.

„Новиот албум на Канје ќе биде за разделбата и разводот со Ким. Тоа го пишуваше со месеци“, извор близок на раперот изјави  за странски медиуми и додаде дека Кардашијан го замолила да ја почитува приватноста на нивното семејство во неговите песни.

Ким го натера Канје да оди во Вајоминг за да можат да живеат одделно, мирно и на крајот да се разведат.  Поранешната дадилка на семејството Кардашијан, Пем Бехан, уште на самиот почеток на нивниот брак знаела дека нема да трае вечно.

„За разлика од Ким, Канје не знаеше како да се носи со големиот успех. Лично ѝ  се восхитувам на Ким што се обиде да го одржи тој брак шест години. Знам дека тоа го правеше најмногу поради децата“, изјави дадилката Бехам.

Scroll to Top