Карди Би стана жена на годината и ги налути музичарите

Раперката Карди Би е прогласена за жена на годината според изборот на „Билборд“, иако многу музичари сметаат дека наградата не е заслужена, зашто годинава таа издаде само една песна.

И покрај тоа што Карди сними само една песна, таа е ден од најголемите хитови во 2020 година. Станува збор за песната WAP која ја отпеа заедно со Меган Ти Сталион. Песната беше промовирана во август и веднаш предизвика бројни реакции, а музичките критичари уште тогаш ја прогласија за најконтроверзна песна на годината.

„За сите вас кои приговарате дека имам само една песна. Да, имам само една песна. Сите тоа го знаете. Тоа е онаа песна која најмногу се продаде, најмногу се прикажуваше, најмногу се слушаше, и онаа поради која Републиканците „цвилеа“ на „Фокс њуз“ и песна поради која вашите баби ги покажувавте на „ТикТок“. И да, цела оваа година сум инфуенсерка, ви говорев да гласате, и тоа не само кога Бајден се натпреваруваше против Трамп, ве предупредував и за сенаторите… Ги трошев своите пари да се состанам со луѓето како што е Берни Сандерс. Патував, уморна по концертите. Да, тоа сум јас“, кажа Карди во видеото што го објави на Инстаграм.

Scroll to Top