Американскиот глумец Шон Пен побара на вечерашното доделување Оскарите да ѝ се изрази јавна поддршка на Украина, во спротивно тоа ќе биде еден од најсрамните моменти во историјата на Холивуд. Актерот кој неодамна беше во Украина и Полска да снима документарец за бегалската криза, вети дека јавно ќе ги истопи своите два оскара ако Академијата не му понуди на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати на церемонија.
„Академијата не може да направи поголема работа од тоа да му овозможи на Зеленски да ни се обрати на сите. Колку што разбрав, било одлучено против тоа. Не можам да коментирам дали Зеленски сакал да зборува или не. Но, ако Академијата не сакала да го направи тоа, тоа ќе биде еден од најсрамните моменти во холивудската историја“, изјави Пен.
Наводно, Зеленски одбил да се обрати на Оскарите преку Зум.
„Ако се испостави дека никој не му пристапил на Зеленски, јас јавно ќе ги истопам моите оскари“, кажа Пен.
Пен освои оскар за најдобар актер за „Мистична река“ во 2003 и „Милк“ во 2008 година.