Компанијата „Амазон“ ги откупи телевизиските права за „Господарот на прстените“ и објави дека ќе продуцира неколку сезони од серијата која ќе ја следи приказната што му претходи на „Братството на прстенот“, првиот дел од филмска трилогија. Ова е најамбициозен, а воедно и најскап потег на „Амазон“ досега, а целта е да привлече гледачи на својот стриминг-канал „Прајм“.
Снимена на Нов Зеланд, трилогијата на Питер Џексон е еден од најуспешните филмски серијали на сите времиња заработувајќи три милијарди долари и 17 номинации за „Оскар“.
„Амазон“ почна да продуцира серии во 2010 година постигнувајќи голем хит со „Транспарентно“. Со „Господарот на прстените“ очекува да постигне глобален успех во стилот на „Игра на тронови“.