Кејт Мос откри зошто реши да го брани бившиот дечко Џони Деп

На почетокот на минатиот месец, судот во Вирџинија пресуди дека Амбер Херд го клеветела поранешниот сопруг Џони Деп во авторски текст објавен во 2018 година во „Вашингтон пост“. Пресуден сведок на судењето беше познатата манекенка Кејт Мос, која завчера во интервју за „Би-би-си Радио 4“ откри зошто ја прифатила поканата на адвокатот.

Кејт Мос беше сведок на адвокатскиот тим на Џони Деп. Славната манекенка преку видеоповик ги демантираше тврдењата на Амбер Херд дека познатиот актер физички ја малтретирал за време на нивната врска која траела од 1994 до 1998 година.

„Никогаш не ме турна, клоцна или фрли по скалите“, рече на судењето Кејт Мос за Џони Деп. На прашањето зошто решила да го брани бившиот дечко, Мос рекла :

„Ја знам вистината за Џони. Знам дека тој никогаш не ме турна по скалите. Морав да ја кажам таа вистина“, рекла Мос, поради што се појавила на судењето.

Во текот на судењето, а по сведочењето на Кејт Мос, адвокатката на Деп, Камила Васкез ја праша Амбер Херд: „Не очекувавте дека г-ѓа Мос ќе сведочи дека тоа никогаш не се случило, нели?,

„Неточно“, одговори Херд, додавајќи дека знае колку луѓе ќе го поддржат Деп. Крајно иронично.

„Ја слушнав таа гласина од повеќе луѓе. Се разбира, тоа ми помина низ глава кога мојот насилен сопруг не само што сакаше да ме турне мене, туку и мојата сестра. Секако дека мислев на тоа. Не очекував да се појави Кејт Мос, не очекував ни да не се појави. Нема врска. Тоа не го менува она во што верував во тоа време, кога бевме на скалите и кога мислев дека ќе ја убие сестра ми така што ќе ја турне по скалите“, изјави Амбер Херд пред судот.

Судењето заврши по бурните шест недели. Адвокатите на Амбер Херд неодамна поднесоа жалба со која бараат да се поништи пресудата за клевета со која актерката мора да му плати на поранешниот сопруг отштета од 10 милиони долари.

 

Scroll to Top