Помладиот брат на Бен Афлек, Кејси, не дојде на венчавката на глумецот. Бен викендов се венчаше со пејачката Џенифер Лопез во Џорџија. Двајцата направија голема забава за семејството и пријателите, но меѓу нив не беше Кејси, ниту пак бившата на Бен, Џенифер Гарнер.
Некои од светските медиуми пренесоа дека ја пропуштил свадбата поради семејни обврски, а Гарнер пак работела на нов проект во Тексас.
„Гарнер го поддржува доаѓањето на нивните деца и многу е позитивна во врска со целата венчавка. Најважни и се децата. Фактот дека се чувствуваат добредојдени и опуштени во присуство на Лопез е нешто што само може да го посака“, рече извор близок до глумицата.
За потсетување, Бен и Лопез се запознаа на снимањето на филмот Гигли. Се свршија следната година, а по некое време по закажаната венчавката, се разделија. Афлек беше во брак со Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Лопез беше со Марк Антони со кого има близнаци.
Двајцата повторно се заедно од минатата година, а пред месец дена се венчаа во капела во Лас Вегас.