Кејт Бекинсејл раскина со 24 години помладиот дечко

Британската глумица Кејт Бекинсејл (47) по девет месеци раскина со 24 години помладиот дечко, музичарот Гуди Грејс. Таа го отследи на Инстаграм, а на социјалните мрежи ги избриша сите заеднички слики. Грејс се исели од нивниот заеднички дом и се врати во Канада, тврдат британските медиуми.

„Мажите можат да прават што сакаат, но жените, особено ако имаат над 32 години – во никој случај! Зар не треба да се забавуваме, да уживаме? Што треба да правиме? Да седиме дома и да плетеме?“, праша неодамна ѕвездата на „Перл Харбор“ и „Ван Хелсинг“, бидејќи многумина ја критикуваа што во последно време бира само помлади дечковци, ама и дека многу брзо ги остава.

Инаку, Гуди Грејс е само две години постар од 21-годишната Лили, која е ќерка на Кејт и нејзиниот поранешен маж, актерот Мајкл Шин.

Scroll to Top