Еден од најпознатите супермодели на сите времиња, Кејт Мос, заедно со својата ќерка Лајла Грејс, која почна да гради кариера како манекенка, првпат заедно се појавија на модна ревија. Славната британска манекенка и нејзината ќерка, 18-годишната Лајла, носеа креации на „Фенди“ од колекцијата за висока мода пролет/лето 2021 на Модната недела во Париз.
За потсетување, во 2016 Кејт и Лајла заедно позираа за насловната страница на „Вог“, но ова е нивно прво заедничко појавување на модна писта. Мос ја доби Лајла од врската со Џеферсон Хек.
На истата модна ревија како манекенки продефилираа Наоми Кембел, Деми Мур, Кара Делавињ и Бела Хадид.
Фото: АП