Меган Маркл често ги крши кралските правила, но тоа го прави и Кејт Мидлтон. Тие досега имаат прекршено неколку традиционални обичаи.
Кејт Мидлтон и Меган Маркл немаат кралска крв
Тие се „обични смртници“ за кралското семејство. Во кралската традиција стои дека ако имате кралска крв не треба да се венчате со „обичен смртник“ или со некој што бил во брак претходно. Двете потекнуваат од семејства од средната класа. Семејството на Кејт е подобро ситуирано, а родителите ја испратиле да студира на истиот факултет на кој студирал и принцот Вилијам.
Прегрнување и држење за рака
Кејт најчесто се држи до правилата за формално однесување, но неколку пати е фотографирана како го прегрнува Вилијам. Меган и принцот Хари скоро секогаш се држат за рака, но ова се смрета за несоодветно.
Кејт се шминкала сама за својата свадба
Кејт не дозволила никој да ја нашминка за свадбата. Сепак, на венчавката изгледаше природно, едноставно и елегантно, како вистинска принцеза.
Кејт Мидлтон земала часови за танц на шипка
По породувањето со принцот Џорџ, Кејт земала часови за танц на шипка за да ги симне килограмите од бременоста.
Меган носи неуредна пунџа на јавни појавувања
За членовите на кралското семејство неформалните фризури се неприфатливи. Но Меган сака лежерност и минимализам, па самата си ја врзува косата во опавче.
Меган не носи хулахопки
Меган не носеше хулахопки ни на свршувачката со принцот Хари, иако тоа се наложува според кралските правила. Кејт во јавност секогаш носи хулахопки.