Кејт Винслет откри кој требало да игра во „Титаник“ место Леонардо

Кога на запалените фанови на филмот „Титаник“ ќе им се спомене сцената во која се појавуваат Џек и Роуз, веднаш се леат потоци солзи и се трошат цели пакувања шамичиња, но сега затворете ги очите и во главната улога, наместо Леонардо ди Каприо, замислете си го Метју Меконахи.

Да, Меконахи бил првиот избор за улогата на Џек и на првобитната аудиција за филмот Кејт Винслет дијалогот го вежбала токму со Метју.

Она што е сигурно е дека „Титаник“ би бил сосема поинаков со Меконахи.

„Бев на аудиција со Метју, беше фантастично! Првпат го изјавувам ова јавно! Но, тоа, едноставно, не беше цела Џек и Роуз, Кејт и Лео работа“, вели Кејт Винслет во емисијата на Стивен Колберт и додаде дека студиото посакало улогата на Џек да ја толкува Метју Меконахи, но режисерот Џејмс Камерон инсистирал таа му припадне на Леонардо ди Каприо.

Scroll to Top