Кејт Винслет плати сметка за струја за машина која одржува во живот девојче со церебрална парализа

Британската глумица Кејт Винслет донираше 17.000 фунти на жена за да ја покрие високата сметка за струја за лекувањето на нејзината ќерка која има церебрална парализа. Фрија (12) е на машина која ја одржува во живот поради проблеми со дишењето. Мајката, Каролин Хантер, добила предупредување од градскиот совет дека сметката може да биде огромна следната година.

Хантер вели дека била пресреќна кога ѕвездата на „Титаник“ ги донирала парите, а потоа и ја контактирала.

Семејството годишно троши по 6.500 фунти за одржување на домот и за загревање, но зимава, греењето е исклучено во повеќето соби, со цел да заштедат повеќе.

„Нашето патување како семејство е доста трауматично и се почувствував немоќно во оваа фаза. Кога слушнав за парите, се расплакав. Не ми се веруваше“, рекла за „Би-би-си“ Керолин.

Scroll to Top